еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

За третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“ за микро и мали претпријатија 31 милиони евра

Вкупниот финансиски износ на третата бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од Ковид-19 (Ковид 3) е 31 милиони евра, од кои 60.000.000 денари, односно еден милион евра, се буџетски средства од програмата П1 на Министерството за економија, додека 30 милиони евра се од Европската Унија, што е резултат на одлуката на Владата од вчерашната седница.

Владата го задолжи Министерството за финансии да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија.

Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Секретаријатот за европски прашања, да ја известат Делегацијата на ЕУ во земјата дека мерката е усвоена од Владата и дека министерствата за финансии и за економија и Развојната банка на Северна Македонија преземаат активности за операционализација на мерката.

– Финансиските средства за бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3) од 30 милиони евра се повлечени од 50-те милиони евра награда за успешност заради целокупниот напредок во процесот на Европска интеграција на Северна Македонија, за кои Владата со официјален допис се обрати до Европската Комисија дека овие средства ќе се користат за опоравување на земјата од последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, соопштија од владината Прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 6.500 угостителски објекти помош ќе добијат едвај 120, велат угостителите

Редакција

До 31 јануари нема поскапувања: Владата ги замрзна цените на лебот, брашното, маслото, млекото

Редакција

Растат цените на храната: Економските аналитичари очекуваат „подгревање“ на инфлацијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница