еМагазин
Македонија

Двајца наставници во Кичево заразени со Ковид-19, советот на родители во Зајас бара наставата да се одвива со физичко присуство

Во училиштата во Кичево наставниот процес со помали проблеми се одвива според упатствата на Министерството за образование и наука.

Од прво до трето одделение во градот и до петто одделение во руралните училишта наставата се одвива со физичко присуство, додека во две рурални училишта во село Туин и во село Србица, наставата до деветто оделение се одвива со физичко присуство.

Директорот од средното училиште „Дрита“, Фестим Ахмети и директорот на основното училиште во село Србица, Џелил Џелили изјавија дека двајца наставници од тие училишта се позитивни на Ковид-19. Тие велат дека надлежните органи се информирани за тоа и сега ги чекаат нивните предлози и сугестии.

– Советот на родители во основното училиште во село Зајаз најавува продолжување на бојкотот, барајќи наставата во ова училиште да се одвива со физичко присуство од петто до деветто оделение, информира директорот на училиштето, Насер Исмаили.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум лица починаа од Ковид-19

Редакција

Канческа Милевска на суд: Нови рочишта за „Тендери“ и „Тарифа“

Редакција

Убава вест: Нови 15 лица во Македонија излечени од коронавирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница