еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Штип поставен споменик „Магичен конец“ во чест на текстилните работници

Во Штип е поставен споменик „Магичен конец“ во чест на текстилните работници. Симболот во чест на златните раце на работниците е поставен на локација парк Кр’теке.

„По четврти пат, Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници „Гласен Текстилец“ го организира настанот Текстилијада што се одржa во Штип во периодот од 15-17 октомври 2020 година.

Најголемиот настан од ваков вид во регионот, што се одржува во Република Северна Македонија, ја постигнува својата мисија да ги поттикне младите, работниците и работничките да се вклучат во процесите на одлучување.

Мотото на настанот за оваа година беше „Работнички права во време на Корона – Корона права“. Овогодинешната Текстилијада ја оствари целта и ја отвори проблематиката за почитувањето на работничките права на текстилните работници и работнички во време на пандемијата со Ковид-19,“ пишува на фејсбук-страницата на Општина Штип.

фото: Фејсбук/Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не бил само синот на Џафери, дури 449 студенти положиле правосуден испит пред да дипломираат, открива претседателката на Антикорупциска

Редакција

Проф. Трајковски: Омикрон сојот и кај нас има помала стапка на смртност, но не и драстично помала како во државите со висока вакцинираност

Редакција

„Лична иницијатива за свои интереси“, велат од М-НАВ за најавениот штрајк на контролорите на летање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница