еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) По „карањето“ на Филипче: Пандов и членовите на ОК Ресен го послушаа министерот и ставија маски во затворена просторија

Александар Пандов, кој е избран за прв човек на Партискиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, беше во посета на Опшинскиот комитет (ОК) Ресен. Но, она што остава впечаток е што Пандов и сите членови на ОК Ресен го послушаа министерот за здравство, Венко Филипче и во затворена просторија ставија маски, што е една од мерките за заштита од вирусот.

Фотографиите објавени на фејсбук-страницата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Ресен, следуваат откако Филипче вчера на Твитер реагираше дека членовите на ВМРО-ДПММНЕ бараат одговорност од власта за корона вирусот, а од друга страна тие не ги почитуваат мерките, бидејќи на фотографија од состанок на партијата во затворена просторија на која беше и Пандов, речиси никој не носеше маски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче на Твитер го „искара“ членството на ВМРО-ДПМНЕ за непочитување мерки: Состанок за барање одговорност на власта за коронавирусот

Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук/Пандов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пулмологот Дејан Докиќ за ТВ „24“: Очекувам кривата на врвот на заболени со корона вирусот да биде затапена

Редакција

Заев слави роденден, наполни 45 години

Редакција

Почина новинарот Драган Ристов, ја изгуби битката со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница