еМагазин
Image default
Македонија

Во Битола на неделно ниво бројот на лица со Ковид-19 почна да расте за 50%

Општинскиот кризен штаб на Битола констатира дека во изминатите три недели, на неделно ниво се покачува бројот на заболени во градот за околу 50 отсто.

Во соопштение до јавноста, од Општинскиот кризен штаб информираа дека во Битола во моментов има 151 активен случај на инфицирани лица со Ковид-19.

-Битола не е во листата на градови со голем број заболени лица, но проблем и понатаму претставува криењето на податоци од страна на заразените лица за контактите што ги имале кои може да помогнат при формирање на целосна епидемиолошка слика.

На состанокот на Општинскиот кризен штаб, од СВР-Битола информираа дека вршат увид кај лицата со решенија за изолација, а на терен се изрекуваат санкции за лицата кои не носат маски, како и за субјектите кои не ги почитуваат препораките и законските мерки за заштита од Ковид-19, се посочува во соопштението од тамошната локална самоуправа.

Општинскиот кризен штаб апелира граѓаните за почитување на мерките за заштита од Ковид-19 и повисоко ниво на свест за опасноста од ширење на вирусот.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

100.000 граѓани за 50 дена до изборите можат да извадат документи, смета Џафери

Редакција

Започна новиот увид на автопатот Струма за несреќата со автобусот на Беса транс

Редакција

СДСМ бара нов предлог за технички министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница