еМагазин
Македонија

Во Општата болница во Кочани отворено Ковид одделение, згрижени првите пациенти

Во Општата болница со проширена дејност од Кочани почна со работа посебен оддел за згрижување пациенти со Ковид-19. За почеток се обезбедени 25 легла, а одделот е сместен во рамки на Интерното одделение на болницата.

-Во договор со Министерството за здравство и со Клиничката болница од Штип, каде веќе се исполнети сите капацитети, почнавме со преземање на дел од позитивните пациенти со Ковид-19.

Во моментот имаме тројца заболени со полесни симптоми на болеста и седуммина со позитивен тест, за кои се грижи постојниот медицински персонал, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница од Кочани.

Болницата во Кочани има ограничени просторни услови за обезбедување дополнителен број легла за згрижување нови пациенти. Поради тоа од Министерството за здравство беше најавено дека во болничкиот круг се планира изградба на монтажна модуларна болница за потребите на нов регионален Ковид центар.

Во меѓувреме, додека чека на потпишувањето договор со ресорното министерство за изградба на монтажната болница, Општина Кочани самоиницијативно ја презеде обврската да ги обезбеди потребните приклучни елементи за струја, вода и канализација за нејзино нормално функционирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

26 од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале во странство

За една недела бројот на починати од Ковид-19 во Македонија зголемен за 58,1%

На возраст од 30 до 39 години, најмногу од новозаразените со Ковид-19

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителката од СЈО, Стефанова: Јанева ни наложи да ги затвориме предметите и осомничените да не одат во затвор

Редакција

На судењето за убиството на младиот Саздовски, ќе се врши реконструкција

Редакција

Северна Македонија и Грузија воспоставија дипломатски односи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница