еМагазин
Image default
Македонија

Во струмичката болница нема повеќе кревети за болни од Ковид-19

Сите 39 кревети наменети за лекување на ковид-пациенти во струмичката болница се полни, а секојдневно на амбулантско лекување доаѓаат и дваесетина пациенти со полесна клиничка слика, информираше денеска директорот на болницата, Наќе Гогов.

-Капацитетот на Инфективното одделение од 20 кревети од порано е исполнет, а од вчера и ковид центарот со капацитет од 19 кревети е полн. Засега успеваме со нашите ресурси да одговориме на потребите на пациентите, но доколку и понатаму продолжи трендот на зголемен број на новозаразени ќе мораме да ги прошируваме капацитетите, рече директорот Гогов.

Заради недостиг од медициски персонал деновиве раководството на болницата побарало од ресорното министерство да дозволи распоредување на дополнителни десет лекари од други болници во државата и прием на шест медицински сестри.

-Доколку нема средства за прием на нови сестри, тогаш да ни дозволат да ги ангажираме со договор на дело за да можеме да функционираме, додаде Гогов.

Инаку, досега на подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје во Струмица, се регистрирани 558 лица со Ковид-19, а во моментов активни се 358 случаи на различна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хоспитализирани само 7,3% од новозаразените со Ковид-19

Во Општата болница во Кочани отворено Ковид одделение, згрижени првите пациенти

На возраст од 30 до 39 години, најмногу од новозаразените со Ковид-19

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Ахмети не се договорија за заеднички кандидат, се согласија дека може да го имаат

Редакција

Заев како сведок во „Титаник“: Центрите за социјална помош во 2014 година биле злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ за изборни цели

Редакција

МОН: Се одржуваат првите часови и со физичко присуство и преку онлајн платформата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница