еМагазин
Image default
Бизнис

Конфекција во Ресен е ново жариште на Ковид-19

Петнаесет вработени од конфекција за текстил во Ресен се позитивни на корона вирусот.

Општинскиот кризен штаб, како што информира денеска за МИА градоначалниот на Општина Ресен Живко Гошаревски, кој раководи со телото, препорачал затворање на конфекцијата на 10 дена, но препораката не била испочитувана.

– Има инспекции и вработени од Центарот за јавно здравје, постојано вршат контроли и прават епидемиолошки анкети кај вработените, посочи Гошаревски.

Нагласи дека општината ги презема сите потребни мерки за заштита на населението од коронавирусот и оти посебно се насочени кон училиштата каде што се одвива настава со физичко присуство.

– Постојано се врши дезинфекција на улиците и во јавните институции. Во Општина Ресен има училишта каде наставата се врши со физичко присуство и таму посебно сме насочени за заштита на најмладите. Постојано сме во контакт со директорите, се врши редовно дезинфекција, а се делат и заштитни маски за учениците, истакна Гошаревски.

Според него, во јавните институции и компаниите на територија на општината се почитуваат препораките за заштита на населението во време на пандемија.

Во општина Ресен во моментот има 47 активни случаи. Од почетокот на пандемијата биле регистрирани 211 заразени и шест починати. Во Ресен првите позитивни случаи се појавија во јуни.

МИА/Фото: Општина Ресен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија 2025 објави повик за компании за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Редакција

Во блок-трансакција вредна 1,8 милиони евра продадени 368.874 акции од „Ларин Мрамор“

Редакција

А1 Македонија започнува финално тестирање на 5G мрежа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница