еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Рамсторе заедно со своите потрошувачи и вработените донираа по повод Светскиот ден за борба против гладта

По повод 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладта, а во насока на визијата на Рамсторе која има за цел да превземе активности, чувствителни кон општеството и околината, традиционално по 4. пат организираше волонтерска акција помеѓу своите вработени и подржани од потрошувачите под мотото “ЗАПОМНИ! Еден од шест луѓе си легнува гладен секоја вечер”, информираат од компанијата.

„Кампањата које траеше една недела и се спроведуваше во трите поголеми маркети на Рамсторе покажа голем интерес како од страна на вработените, така и од страна на потрошувачите. За краток период се собраа приближно 1 тон храна и истите се доделија на Црвен крст на Република Северна Македонија со цел да се помогне на ранливата категорија на население.

Секоја компанија која своите успешни резултати ги остварува благодарение на довербата на своите потрошувачи, тежнее и мора да и возвраќа на заедницата. Вредностите врз кои Рамстор го темели својот успех со квалитет, врвна услуга, доверба, иновации во работењето и разбирање на локалната заедница. Рамсторе, со високите малопродажни стандарди, задоволни вработени и своите добавувачи со кои гради фер односи, на чувствителен начин ја сноси општествената одговорност“, велат од компанијата.

Големиот интерес од страна на нашите вработени и потрошувачите е доказ за постоење на хуманост и солидарност и како компанија и како личности, посочуваат од таму.

„Ние како компанија ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти со  цел да го побудиме хуманиот дух кај луѓето  и да го поттикнеме чувството на солидарност на хумана димензија кај сите. Веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна за нашето општество, а воедно ќе им помогне на оние на кои им е најмногу потребна.

Веруваме дека оваа хуманитарна помош која поттикнува примери за сите во иднина ќе се зголеми. “ЗАПОМНИ! Еден од шест луѓе си легнува гладен секоја вечер”, велат од Рамсторе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска започнува меѓународниот танц натпревар „Dance OFF“

Редакција

ТРИ овој Саем на книгата го посветува на домашните писатели

Редакција

НЛБ Банка станува Патрон на пациентите со цистична фиброза: Соработката официјализирана со донација на 80 спирометри за домашна употреба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница