еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ прифатен во терапијата за Ковид-19

Владата на денешната 16-та редовна седница ја разгледа информацијата за имплементацијата на Рамковниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“, прифатен во терапијата на Ковид-19, со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската комисија и обезбедување на финансиски средства и донесе заклучок да го задолжи министерот за здравство да го потпише и имплементира Посебниот договор за јавна набавка на тој лек согласно обврските преземени од Рамковниот договор за јавна набавка, доделен со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската комисија.

Со вториот заклучок во врска со оваа информација, како што соошти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2020 година, дополнителни 13.500.000 денари, за плаќање на лекот „Veklury (remdesivir)“ за месец октомври, додека останатите средства во износ од 67.500.000 денари, за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од пет месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година.

На денешната седница Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да го одобри Општиот протокол за организирање на спортски натпревари во услови на пандемија со Ковид-19, со цел спречување на ширење на коронавирусот меѓу спортисти, спортски работници, службени лица и сите останати лица вклучени во одигрување и организација на натпреварите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски го покани Милков да ја посети Ваташа, Ковачевски чека од бугарскиот министер појаснување за скандалозната изјава

Редакција

Ја посетив Украина за да дадам лична и институционална поддршка, вели Џафери

Редакција

Се зголемува ризикот од политички пазарења и трговија со влијание, велат од Антикорупциска за измените на Кривичниот законик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница