Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 25. октомври покажуваат дека цела Македонија за првпат влезе во 4 фаза, на широко-распространета трансмисија на Ковид-19.
„Проценката на Светската здравствена организација (СЗО) на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
Според категоризацијата на ризикот се проценува дека: Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата)„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
14,3% од оздравените од Ковид-19 во Македонија биле хоспитализирани
Фото: Факултет за ветеринарна медицина