еМагазин
БЕСПАРИЦА

Индустриското производство во септември со пад од 3,9%, од почетокот на годината за 12,1%

Индустриското производство во септември годинава, во однос на септември 2019 година бележи пад од 3,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци индустриското производство во периодот јануари – септември 2020 година, во однос на периодот јануари – септември 2019 година, бележи пад од 12,1 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање од 9,7 отсто, во преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,9 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13,2 отсто.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, електрична опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 12 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 26,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,1 отсто, додека пораст бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за пет отсто и капитални производи за 2,4 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје: Остануваат средства за околу 3.500 барања за субвенции за инвертери

Редакција

На повеќе од една третина од компаниите им се зголемиле трошоците за струја поради војната во Украина

Редакција

Во Македонија се фрлаат 12.000 тони вишок храна, а 450.000 луѓе се со еден оброк дневно

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница