еМагазин
Image default
Македонија

По две години и девет месеци напаѓачот на Шекеринска излезе од затвор

Панче Ангелов, кој беше осуден за насилство врз актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска ја одлежа затворската казна и излезе од затвор.

Информацијата ја објави „Фокус“, повикувајќи се на потврда од директорот на затворот „Идризово“, Александар Донев.

„Ослободен е со истекот на казната. Беше осуден на четири години за насилство, а доби амнестија 30 отсто од затворската казна„, вели за Фокус, Донев.

Ангелов беше осуден на затворска казна од четири години, но доби намалување со амнестијата што ја даде СДСМ кога дојде на власт, со што одлежа две години и девет месеци.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 42 пациенти, а вкупно се лекуваaт 596

Редакција

Претепан бил и затвореник кој се шетал со Боки 13, Управата за извршување на санкции со вонреден надзор во Идризово

Редакција

Претседателот на ДИК, Дерковски оцени дека изборниот ден поминал одлично со мали исклучоци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница