еМагазин
Image default
Македонија

Двајца вработени во градинка во Крива Паланка позитивни на Ковид-19, установата ќе паузира две недели

Во детската градинка „Детелинка” во Крива Паланка потврдени се двајца вработени позитивни на Ковид-19, поради што од управата на установата е донесена одлука за затворање на градинката во следните 14 дена.

Во објавата на фејсбук-профилот на ОЈУДГ „Детелинка” информираат дека станува збор за една негувателка, којашто беше дијагностицирана пред три дена, по што во изолација се дечињата од групата во која истата работеше, а по тестирање на сите вработени поради претпазливост, потврдено е присуство на вирусот и кај едно лице од техничкиот персонал.

– Ги известуваме родителите дека во нашата градинка до сега се потврдени два позитивни случаи на корона вирусот. Заради навремена превенција и заштита на здравјето на децата, но и можна изолација на целиот кадар, градинката „Детелинка” нема да работи во следните 14 дена.

Се надеваме дека се ќе заврши добро по здравјето на сите вработени и дечиња. Чувајте се сите и останете во добро здравје, се наведува во објавата на детската градинка.

Од градинката посочуваат дека работата во градинката се реализираше во согласност со сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 761 оздравени од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравеле 128 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 97

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница