еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Донација од „Нова“: 25 деца во социјален ризик добија електронски уреди за полесно следење онлајн настава

Вкупно 25 деца на самохрани родители кои живеат во социјален ризик ќе добијат електронски уреди за полесно следење на онлајн наставата како донација од меѓународното училиште „Нова“.

Меѓународното училиште донираше 25 уреди за следење на настава, од кои половина се нови, а останатите користени, обезбедени во акцијата што ја покренаа училиштето „Нова“ и Асоцијацијата на родители и наставници (PTA) од ова училиште, во соработка со организацијата „Проект среќа“. Донаторска акција во „Нова“ се спроведуваше изминатиот месец и во неа се вклучија голем број на ученици, родители и наставници од ова училиште.

Уредите денеска (2 ноември) им беа предадени на претставниците на „Проект среќа“ кои понатаму ќе им ги поделат на децата од социјално загрозени заедници.

Од „Нова“ истакнуваат дека недостигот на соодветни уреди за следење на онлајн наставата е сериозен проблем со кој се соочуваат децата од социјално загрозените семејства и поради тоа им е оневозможено соодветно да се вклучат во образовниот процес. Затоа училиштето „Нова“ покрена донаторска акција со цел да им го олесни пристапот на овие деца до поквалитетно образование.

Образованието е најважната алка за развојот на децата и основниот темел за градење здраво општество. Сепак, свесни сме дека сите деца немаат еднакви можности за да добијат квалитетно образование и затоа покренавме донаторска акција преку која ќе им помогнеме на дел од децата кои немаат услови да се вклучат во образовниот процес во овие специфични услови што ги наметна пандемијата. Заедницата на „Нова“ секогаш е подготвена во рамките на своите можности да им излезе во пресрет на ранливите групи и да направи промена во општеството кон подобро – велат од „Нова“.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам од Коџоман, Кондовски, Шијак, Мазев..

Редакција

Убава вест: „Медена земја“ номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Редакција

(Галерија) НЛБ Банка го заокружи месецот на штедење со изложба на детски цртежи и донација за Детската клиника

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница