еМагазин
Image default
Македонија

За една недела регистрирани 209 случаи на Ковид-19 во Куманово и 20 во Липково

Центарот за јавно здравје Куманово само за последната измината недела, заклучно со 1 ноември регистрира 209 позитивни лица на коронавирусот од Куманово и 20 од Липково, соопштија денеска надлежните.

Во последната недела извршени се 282 тестови од кои по „Мој термин“ 170, а 112 лица се тестирани согласно епидемиолошки индикации. Најголем број од пријавените се на 30-ти октомври, (петок) 65 случаи. Во моментов активно се 362 случаи.

Од почетокот на пандемијата Центарот за јавно здравје регистрира вкупно 2.223 лица од кои 1.996 се на подрачје на Куманово, останатите се од помалите општини Липково и Старо Нагоричане.

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сослушан сведокот Џемали Мехази: Судењето за „Маџар Телеком“ продолжува на 27. март

Редакција

(Галерија) Кој дојде на прославата на Илинден во Крушево

Редакција

Османи од Софија најави дека ќе и предложи на Владата, Законот за здруженија и фондации да го испрати на оценка во Венецијанската комисија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница