еМагазин
Image default
Македонија

Има место за уште 1.000 хоспитализации, ако се исполнат, следен чекор е карантин, најави Стојанов

Директорот на Центарот за јавно здравје, Александар Стојанов изјави дека во државата има отприлика место за уште 1.000 хоспитализации, па ако се исполнат капацитетите, тогаш ќе се воведе полициски час.

„Целта со ова е да ги намалиме собирањата и групирањата. Сè што не е битно за државата, не мора да работи. Препораките се да не се собираат, но тие сепак се собираат, па седат до 12, до 1, па и до сабајле, не можат да ги избркаат. Се собираат и во трговските центри, во парковите.

Со меркава со намалување на работното време на угостителските објекти, ќе може и полицијата да ги разбркува. Не можеме да ги затвориме целосно, тоа не е опција. Ќе одиме постепено,“ вели Стојанов.

Според него, критично ќе биде кога ќе се наполнат болниците комплетно.

„Засега има слободни кревети. Ние имаме кревети и во студентски домови и по хотели, но нема персонал. Не е само да го легнете пациентот, треба да обезбедите и 24 часовна нега за него.

Во моментов има капацитет да се хоспитализираат уште 1.000 лица. Ако оваа бројка се надмине тогаш неопходно ќе биде да има карантин во траење од една недела или две,“ рече Стојанов.

meta.mk/Фото: МЗ

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот „пристигна“ и во Радовиш: Заболени две лица

Редакција

ССНМ и ЗНМ ги осудија заканите кон Героски, бараат реакција од институциите

Редакција

Кардиоваскуларна болест имаат најголем дел од заболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница