еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата одлучи: Угостителските објекти ќе работат до 21 часот, забрана за групирања на повеќе од 4 лица на јавен простор

Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук-профил.

„Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби“, напиша Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската Влада во вторник во Софија

Редакција

Во Лидл во Македонија веќе работат над 100 лица

Редакција

Тендер „тежок“ 19.500 евра: Агенцијата за иселеништво купува апликација за изучување мајчин јазик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница