еМагазин
Македонија

Градоначалникот на Пробиштип позитивен на коронавирусот

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов e позитивен на коронавирусот. Тој за МИА ја потврди информацијата и вели дека од петокот не е на работното место, бидејќи ги почувствувал симптомите, веднаш се изолирал и го чекал резултатот од тестот.

Забележува дека тој и вработените во кабинетот и администрацијата комплетно ги почитувале здравствените протоколи. Анастасов утринава во статусот на социјалните мрежи ги извести жителите на Пробиштип.

-Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај почитувањето на мерките за заштита од самиот почеток на пандемијата, добив позитивен резултат за Ковид-19. Со благи симптоми, веќе сум во домашна изолација. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против ова заедничко зло, вели Анастасов.

Според епидемиолозите во изолација заминуваат и уште шестмина вработени во Општина Пробиштип, а претходно од општинската администрација имале два случаи, кои се во изолација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги „попишуваат“ граѓаните без државјанство

Редакција

Вработени во Собранието и дел од пратениците се тестираат за Ковид-19, поради позитивниот тест на Муцунски

Редакција

Русија не се откажува преименувањето на Република Македонија да го разгледува Советот за безбедност на ОН

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница