еМагазин
Свет

Бајден: Кога ќе заврши броењето ќе нѐ прогласат за победници, Ве молам останете смирени

Демократскиот претседателски кандидат, Џо Бајден, во синоќешниот говор од неговиот штаб во Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, на Американците повторно им порача дека „секој глас мора да се изброи“ и од нив само бара трпеливост.

На прес-конференцијата Бајден беше придружуван од сенаторката Камала Харис, која ќе биде потпретседателка на САД доколку тој на крајот го победи актуелниот претседател и републикански кандидат, Доналд Трамп.

– Сенаторката и јас од час во час се чувствуваме многу добро, а моменталната состојба е многу добра. Немаме дилема дека во моментот кога ќе се избројат гласовите до крај, јас и сенаторката ќе бидеме прогласени за победници.

Затоа луѓе, ве молам – останете смирени. Броењето мора да заврши и верувам дека наскоро ќе ги знаеме резултатите. Ви благодарам за вашата трпеливост, рече Бајден, цитиран од Си-Ен-Ен.

Тој на прес-конференција се појави по завршувањето на состанокот со здравствените претставници, а темата беше коронавирусот.

-Нашите срца се со секое семејство што изгуби член на семејство поради оваа ужасна болест, додаде Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Ми ја крадат изборната победа, ова се лажни избори

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Си Ен Ен: Документи покажуваат дека Кина направила значајни пропусти на почетокот на пандемијата на Ковид-19

Редакција

„Фајзер“ проверува случај на алергиска реакција на вакцината во САД

Редакција

Русија ја повика ЕУ да ги почитува земјите од Западен Балкан и да се откаже од своите „неоколонијални амбиции“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница