еМагазин
Image default
Локално

Дезинфекција на јавните површини во Охрид, времено затворени детските игралишта

Екипи на општинското јавно претпријатие „Охридски комуналец“ од синоќа спроведуваат дезинфекција на јавните површни низ Охрид. Со средство за дезинфекција се мијат улиците низ целиот град, градскиот кеј, пешачките патеки, просторот во и околу болничкиот комплекс и сите фреквентни локации во градот.

Дополнително е извршена и дезинфекција во околните охридски села, а таквите активности ќе продолжат и во текот на наредниот период.

Превентивно заради заштита од коронавирусот се затворени и сите детски игралишта на подрачјето на Општина Охрид. Претходно беше беше извршена и целосна дезинфекција на игралиштата.

Од Општина Охрид се упатува апел до граѓаните да ја почитуваат мерката и да избегнуваат непотребни групирања и на други отворени локации.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните на Скопје ќе се возат во нови автобуси, ЕУ ќе донира шест електрични на ЈСП

Редакција

Инцидент кај Градската болница за удрено дете, интервенирала и полицијата

Редакција

Кривична пријава против струмичанец за обид за силување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница