еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Сите детали: Финансиската помош за граѓаните наместо на платежни картички ќе се исплаќа на трансакциска сметка

Ранливите категории на граѓани и пензионерите со ниски примања средства од помошта во рамки на четвртиот пакет мерки од државата ќе ги добиваат директно на трансакциски сметки, а не на платежни картички како што беше претходно.

Целта на ваквата одлука, како што информираа на денешната прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска е да се намалат турканиците на шалтерите, со што ќе се придонесе за грижата за здравјето на овие лица во услови на ковид кризата.

Бесими појасни и дека на овој начин ќе се поедностави начинот на испаќање на средствата од помошта, а воедно ќе се намалат и трошоците кои би биле потребни за изработка и издавање на нови картички.

Финансиската помош ќе изнесува 6.000 денари за ранливите категории на граѓани за кои е веќе изработен законот и е поминат на Влада, а се очекува веќе следниот месец граѓаните да можат да ги користат средствата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите компании ќе останат без субвенцирана струја, не само тие што не ги намалиле цените

Редакција

Нема договор за минималната плата

Редакција

Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди и се за 14% пониски од лани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница