еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Бајден избран за претседател на САД

Америка, чест ми е што ме избравте да ја водам нашата голема земја, напиша на Твитер кандидатот за претседател на САД, Џо Бајден.

„Работата што не чека ќе биде тешка, но ви го ветувам ова: Јас ќе бидам претседател на сите Американци – без разлика дали гласавте за мене или не. Ќе ја оправдам вербата која ми ја дадовте“, напиша Бајден, кој ќе биде 46. претседател на САД. 

Според проекциите на Си Ен Ен, Асошиејтед прес, Њујорк Тајмс и повеќе медиуми, кои се засновани на исклучително прецизни статистички пресметки, Бајден победил во државата Пенсилванија, со што доби уште 20 електорски гласа и го надмина минимумот од 270.

Засега тој има 273 електорски гласови од можни 538.

МИА/Фото: Фејсбук/Бајден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петков и даде петка на Генчовска за францускиот предлог: Бугарските барања станаа европски

Редакција

ЕУ воведува политички и финансиски рестриктивни мерки за Приштина затоа што косовскиот премиер не ги елиминирал причините за кризата

Редакција

Скопски перверзии: Глутница кучиња, преплашени туристи и прес-дружба на Петре Шилегов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница