еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Не е евтино да се лекувате од Ковид-19, поисплатливо Ви е да се чувате

Бројот на заразени со Ковид-19 во Македонија, но и на оние кои поради компликации од истиот завршуваат во болница последниве недели постојано се зголемува.

Вчера во земјава беше регистриран и рекорден број на починати од Ковид-19, 26 лица за 24 часа.

Многу поголем е пак бројот на тие што се лекуваат дома.

Според пресметките на еМагазин во консултација со матични лекари, имајќи предвид од кој производител се витамините кои се користат за лекување, дали антибиотиците се купуваат фондовски или приватно, каде е направен тестот за Ковид-19, колку време трае терапијата…, еден граѓанин борбата со вирусот во домашни услови би го чинела од 6.000 до 10.000 денари.

Оваа е сума само за едно лице, а во многу случаеви како што се покажа кај нас од вирусот се заразува цело семејство, па трошоците за лекување би биле многу повисоки.

Затоа многу поисплатливо во овие тешки времиња Ви е редовно да носите маска, да држите дистанца и секако често правилно да ги миете рацете.

Вашето здравје и здравјето на вашите најблиски е најаважно. Се друго е споредно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку чини лекувањето од Ковид-19 во домашни услови: Каква терапија препишуваат матичните лекари

Кардиоваскуларна болест најчесто: 78,5% од починатите од Ковид-19 во Македонија со претходни заболувања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Шест нови случаи на коронавирусот, вкупниот број се искачи на 18 лица

Редакција

Ова е посебен Велигден и значаен момент во македонската црковно-национална меморија, вели Ковачевски

Редакција

Сектори со најниски нето плати во јули

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница