еМагазин
Image default
Локално

Тетовчанец ранет во левата рака додека седел во паркирано возило

Жител на тетовско Пршовце во полиција пријавил дека вчера навечер бил нападнат и повреден додека седел во неговото паркирано возило пред семејната куќа. Тој за нападот и повредите на левата рака со остар предмет посочил жител на Глоѓи.

„Во СВР Тетово вчера во 22 часот и 40 минути, Џ.М.(49) од тетовско Пршовце во СВР Тетово пријавил дека околу 20 часот и 30 минути, додека се наоѓал во неговото паркирано возило пред семејната куќа, му се доближил и физички го нападнал Д.С.(28) од тетовско Глоѓи.

Во нападот, според пријавеното, тој употребил и остар предмет со кој му нанел повреди на левата рака, по што се оддалечил од местото“, информираат од СВР Тетово.

Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приватните превозници ја продолжуваат блокадата пред Град Скопје

Редакција

Еден убод со нож во масовна тепачка пред кафуле во Демир Хисар

Редакција

Скопјанка предизвикала сообраќаен „карамбол“: Удрила во полициски автомобил, во запрено возило и повредила полицаец

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница