еМагазин
Image default
Македонија

Гевгелиската болница ќе уреди уште едно одделение за ковид-пациенти

Зголемениот број на ковид- пациенти кои секојдневно се хоспитализираат во гевгелиската Општа болница го натера раководството да размислува повторно да ги проширува капацитетите за сместување на болните кои имаат потреба од деноноќна грижа, соопшти денеска директорот Митко Крџев.

-Капацитетот на невропсихијатриското одделение кое од неодамна функционира како ковид болница со 12 легла и 24 часовен мониторинг на пациентите од страна на лекар и медицинска сестра е исполнет.

Токму тоа не натера да размилуваме за ново проширување поради што веќе е донесена одлука за пренамена на дел и од интерното одделение во ковид болница за пациенти на кои им е потребна деноноќна грижа, рече директорот Крџев.

Тој нагласи дека адаптирањето на делот за заболени од Ковид-19 нема да го попречи и наруши нормалното функционирање на интерното одделение во болницата.

Во општина Гевгелија моментно има над 200 активни случаи на заразани од Ковид-19, но се претпоставува дека нивниот број веројатно е многу поголем затоа што има многу асимптоматски случаи и пациенти со благи симптоми.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управата за финансиска полиција поднесе кривична против Русковска и обвинители кои вршеа претрес

Редакција

(Фото) Левица поднесе предлог-закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците

Редакција

Арбен Таравари објави кандидатура за претседател на Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница