еМагазин
Image default
Бизнис

Фондот за осигурување на депозити исплатил 80 отсто од средствата за обесштетување на штедачите од „Еуростандард банка“

Фондот за осигурување на депозити информира дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,3 милијарди денари што претставува близу 80% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

„Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу 4/5 од средствата на депонентите на „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени.

Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродажба во УЈП: Се продаваат станови, деловни простории, автомобили…

Редакција

Дизелот поскапува за два денари, цената на другите горива останува иста

Редакција

„Малиќи Груп“ станува холдинг со десет компании

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница