еМагазин
Image default
Локално

Разбојник со нож нападнал продавачка во Кавадарци

Со нож синоќа во Кавадарци била нападната продавачка.

Доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош – Кавадарци истакна дека синоќа девојка побарала медицинска помош и кажала дека била нападната во продавницата во која работела.

Притоа и била нанесена повреда, посекотина од два сантиметра со нож на ушната школка.

Според МВР, синоќа во 20 часот лице со закана со остар предмет, од вработена во продавница во Кавадарци, одзело пари од дневниот промет.

„Извршен е увид на лице место, се работи на расчистување на случајот“, истакнаа од МВР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фрлале хероин од возило пред очите на полицијата

Редакција

Тешко повреден велосипедист по удар од возило во Скопје, возачот побегнал

Редакција

Припадници на АРМ ќе одржуваат ред пред банките и маркетите во Прилеп

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница