еМагазин
Македонија

Муслиманските гробишта во Виена одбиле да го погребаат терористот Кујтим Фејзулаи

Муслиманските гробишта во 23. виенска општина одбија да го погребаат Кујтим Фејзулаи, кој на 2 ноември изврши терористички напад во главниот град на Австрија.

„Алах ќе се пресмета со него. Но, и ние чувствуваме потреба нешто да направиме“, изјави управникот на гробиштата Али Ибрахим.

Муслиманските гробишта во Австрија постојат од 2008 година и на нив би требало да биде погребан Фејзулаи, кој уби четири лица и повреди повеќе од 20 луѓе.

„Тој е убиец, кој уби невини луѓе и со тоа им нанесе штета на сите муслимани“, посочи Ибрахим.

Тој додаде дека за одлуката е информирана исламската заедница, која го поддржала. Ибрахим посочи и дека другите верници изјавиле дека не сакаат да бидат погребани покрај убиец.

Фејзулаи, кој беше убиен по нападот од страна на полицијата може да биде погребан на муслиманските гробишта во покраината Форарлберг или во Северна Македонија, од каде потекнува.

МИА/Фото:НП

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во терористичкиот напад во Виена загина и Неџип Вренези, кој по потекло бил од струшкото село Велешта

Кујтим Фејулаи, по потекло од Македонија стои зад терористичкиот напад во Виена, потврди австриската полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јовески бара построги казни од обвинителите за недозволено поседување и трговија со оружје

Редакција

Почина деветмесечно бебе во болницата во Струмица, полицијата спречи инцидент од роднините

Редакција

Од Ковид-19 починале 12 лица, најмладиот е на 32-годишна возраст, дополнително пријавени уште четворица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница