еМагазин
Македонија

Големиот број болни од Ковид-19, резултираше со изолација на осум одделенија кај основците во Тетово

Бројот на активни болни и луѓе во изолација поради Ковид-19 надминува 1.000, а поради големиот број случаи во изолација се и цели училишни одделенија, покажуваат најновите податоци кои ги објави Кризниот штаб при општина Тетово по денешниот најнов состанок околу справувањето со епидемијата.

-Во објектите на градинката „Младост“ има осум активни случаи и три групи деца во домашна изолација. Во основните училишта има 22 позитивни наставници и осум одделенски групи во изолација на територија на општина Тетово.

Вкупно има 20 позитивни наставници во средните училишта, а процесот на учење на далечина се одвива според планот, првото оценување на учениците е во тек, а се очекува да заврши на 20 ноември, изјави Теута Арифи, градоначалник на Општина Тетово.

До денеска во тетовскиот регион се бројат 1.060 активни случаи на Ковид-19, 129 починати и вкупно 3.159 дијагностицирани. Воедно во изолација се 1.465 лица.

-Во Клиничката болница во Тетово се прифаќаат за лекување главно пациенти со потешка клиничка слика на кои им е потребен третман и кислородна поддршка.

Во моментот, 49 лица се хоспитализирани на инфективното одделение, кои го добиваат потребниот здравствен третман, изјави Арифи.

Според неа, во Клиничката болница и покрај критичната епидемиолошка состојба добри се условите за работа.

-Клиничкиот центар во Тетово и покрај тешката епидемиолошка состојба и постојаниот обем на работа, продолжува да обезбедува други услуги од секундарната медицина за граѓаните на Тетово и пошироко, рече Арифи.

Во текот на изминатите седум дена, според податоците од СВР Тетово, за неносење заштитни маски издадени платни налози за вкупно 420 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 828 заразени од корона вирусот: Рекордни 68 нови случаи, најмногу во Скопје, Куманово и Прилеп

Редакција

Вкупно 1.029 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

Куновска: Заев да си замине веднаш од СДСМ и премиерската функција, за него нема повеќе место во нашите животи

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница