еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

11. Фестивал на младо вино на „Тиквеш“: И кога сѐ е вонредно, младото вино е извонредно

Винарската визба „Тиквеш“ и оваа година, 11. по ред, ја продолжува традицијата на Фестивалот на младо вино, организирајќи го најголемиот онлајн настан од ваков вид.

Раководејќи се од основната идеја заеднички да се наздрави за првото, младо вино од најновата берба, годинава овој настан се организира и со намера да се создаде позитивна атмосфера и да се придонесе кон охрабрување за наминување на предизвиците со кои сите се соочуваме.

Под слоганот „И коге сѐ е вонредно, младото вино е извонредно“ програмата на годинешниот фестивал вклучува интересни содржини во изведба на познати уметници и естрадни ѕвезди од нашата земја и регионот кои ќе бидат емитувани „во живо“ од две локации – Кавадарци и Белград, а ќе настапат Влатко Стефановски, Тијана Дапчевиќ, Фрајле и Здружение на џез музичари.

Како и претходните години, и годинава се очекува фестивалот да привлече големо внимание. Веќе е најавено дека фестивалот ќе го следат голем број вински ентузијасти од земјава и странство, партнери и соработници на „Тиквеш“.

Годинешниот Фестивал на младо вино ќе може да се следи и преку страницата на „Тиквеш“ на социјалната мрежа Фејсбук – Facebook.com/TikvesWinery, во петок, на 20. ноември 2020, во периодот од 19 до 21 часот.

Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ дава голем придонес за одржување на традицијата на производство на квалитетно македонско вино и градење на препознатливоста на Македонија како винска земја. Овој фестивал е прв и најголем настан од ваков карактер во нашата земја и има значајна улога во градењето на винската култура и создавањето сопствена традиција на проценка на виното од последната берба, како што е случајот во многу други земји – производители на вино.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Десетти хуманитарен пикник за вработените на „Алкалоид“: Собрани околу 2 милиони денари за СОС Детско село

Редакција

Познатата апликација „МојВоздух„ ја освои престижната World Summit Award 2020 награда од ОН

Редакција

(Фото) Промовирана поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на ЕУРО2020

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница