еМагазин
Свет

Шведска го напушта „шведскиот модел“

Со интензивирањето на вториот бран на коронавирусот во Европа, Швеѓаните полека се откажуваат од благи мерки, јавија локалните медиуми.

Шведска забрани собири на повеќе од осум лица, а премиерот на Шведска им порача на граѓаните да не одат во теретани и библиотеки, како и да не организираат вечери и забави.

Најновите податоци покажуваат дека Шведска, според бројот на жители, има поголем раст на новозаразени, хоспитализација и стапка на смртност од соседните земји, објави минатата недела „Фајненшл тајмс“.

Во последниве недели, во Шведска расте бројот на нови случаи на дневна основа.

И бројот на хоспитализирани пациенти е драматично зголемен: Во болниците има повеќе од 1.000 пациенти со ковид-19, што е за 60 проценти повеќе од минатата недела, објави државната телевизија СВТ.

Стапката на смртност од коронавирусот во земјата денеска е една од највисоките во светот во однос на бројот на жители, пренесува „Бизнис Инсајдер“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Апокалиптични сцени од пожарот во Калифорнија: Досега загинаа 76 лица

Редакција

Досега загинаа 1.900 цивили, од кои 52 деца: ОН бара истрага за цивилните жртви и штетите во Украина

Редакција

По нападот на Москва со дронови, Русија го обвини Западот за „непромислени“ напади

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница