еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Eкс-Југославија застана зад Македонија: Со Декларација се бара Бугарија да не ја злоупотребува историјата

Група историчари од поранешните југословенските републики Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора и Србија, со потпишување заедничка Декларација „Да ја одбраниме историјата“, реагираат на, како што наведуваат, злоупотреба на историјата во процесот на европските интеграции на Северна Македонија од страна на Бугарија.

Заедничката декларација е потпишана и од голем број други интелектуалци од поранешна Југославија, кои исто така протестираат поради одлуката на Софија заради историски прашања да го блокира почетокот на преговорите за пристапување на земјава во ЕУ.

Во целост Ви ја пренесуваме Декларацијата:

„Судирите за историјата и историските симболи повторно се важна политичка тема во Југоисточна Европа. Во текот на последните месеци, Владата на Република Бугарија се заканува со блокада на почетокот на преговорите помеѓу Брисел и Скопје, барајќи од Северна Македонија да ја прифати „историската вистина“ дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени и дека македонската нација ја создал Тито и Коминтерната.

Поаѓајќи од ставовите изразени во Декларацијата „Да ја одбраниме историјата“, ние потписниците на ова писмо изразуваме протест и осуда на овој пример на историски ревизионизам и злоупотреба на историјата за политички цели.

Сметаме дека овој пристап е опасен не само за историјата како хуманистичка дисциплина, туку и за демократијата и просперитетот на регионот, но и за самата Европска унија.

Наметнувањето „историски вистини“ е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создале сите други нации, а правото на самоопределување е основно човеково право.

Затоа, бараме од историчарите во Северна Македонија и Бугарија, но и во сите земји во регионот, да бидат професионални и да се спротивстават на злоупотребите во својата дисциплина.

Од политичарите бараме да водат одговорни политики, да не ги подржуваат историчарите кои поттикнуваат националистички конфликти и да не вршат притисоци кои доведуваат до фалсификување на минатото.

Од европските институции и држави бараме да реагираат на злоупотребите на историјата, почитувајќи ги основните принципи на Европската унија кои овие денови на Балканот и во Европа се загрозени, како што се различноста, антифашизмот и демократијата.

Европската унија е создадена како лек против лошите искуства од минатото и затоа да не дозволиме преку искривување на историјата да се уништуваат принципите на кои се темели идејата за обедината Европа.

Ние, потписниците на ова писмо даваме подршка на интелектуалците и историчарите во Северна Македонија и Бугарија кои отворено се спротивставуваат на политичките притисоци и се борат за заштита на својата професиоја и професионалните стандарди. Само солидарни можеме да ги совладаме озбилните пречки кои стојат пред нас!“, се наведува во Декларацијата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Захариева македонското општество е тоталитарно

Барањата на Бугарија се дрски, ненаучни и нереални, вели Штајнакер, поранешната заменик германска амбасадорка во Бугарија

Влада: Одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ, македонскиот идентитет и јазик не се предмет на преговори, ќе продолжиме да бараме решение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во земјите каде што се дава БСЖ вакцина, кривата на заболени од корона вирусот се разликува од оние кои ја немаат во вакциналниот календар

Редакција

Големо намалување: Бензините поевтинуваат за четири денари, дизелот за 3,5

Редакција

(Фото) Кирковски испишува историја: Не беше лесно, имав проблеми со мрзнење на стапалата на Аконкагва

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница