еМагазин
Image default
Македонија

Условите за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се знаат во недела

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево оствари работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, информираат од Министерството за здравство (МЗ).

„Разговорите беа конструктивни, а приватните болници изразија позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата.

Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравстевени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела.

Дотогаш на формализирање на соработката работат тимовите од МЗ и на приватните болници,“ информираат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата најдоцна до утре вечер ќе прогласи 30 дена кризна состојба на целата територија: Што тоа значи за граѓаните?

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамиз Мерко повторно кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга

Редакција

(Видео) Како ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот „Македонија“ ја прослави победата во првиот круг од претседателските избори

Редакција

На двојните избори на 8. мај, граѓаните само еднаш ќе може да одат на гласање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница