еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет просечни плати: Програмерите со 67.216 денари убедливо на врвот

Државниот завод за статистика соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2020 година, изнесувала 27.405 денари.

Во Македонија има дејности во кои просечната плата е двојно поголема отколку државниот просек.

Прв на листата пет највисоки просечни плати е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде што просечната плата во септември изнесувала 67.216 денари.

Потоа следуваат воздухопловен транспорт (48.349 денари), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (45.799 денари), финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови (43.113 денари) и складирање и помошни дејности во превозот (40.515 денари).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовиран сајт на кој анонимно може да се пријави кршењето на правата на текстилните работници

Редакција

Фондот за иновации и технолошки развој вработува пет лица, плата до 28.303 денари

Редакција

„Освежи го својот дом“: Саемот на мебел ќе се одржи од 20 до 24. март

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница