еМагазин
Image default
Локално

Кумановец фалсификувал димплома за завршена четврта година средно училиште

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.С.(51) од Куманово, за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информира МВР.

„Р.С. во текот на 2016, откако претходно имал завршено III степен на образование во СОУ„Киро Бурназ“ Куманово, за што поседувал диплома, со која бил и вработен во приватна фирма од Куманово од 2006 година, со цел да се здобие со четврт степен на образование, а и поради потребата при вработувањето да има најмалку IV-ти степен ниво на класификација, набавил фалсификувана исправа со невистинита содржина „диплома“, за положен завршен испит и свидетелство за завршена IV-та година, со невистинита содржина, од средно училиште од Скопје.

Притоа, фалсификуваната диплома ја приложил како вистинита во два наврата, и тоа во 2017 во Агенција за вработување и во 2020 во приватна фирма од Куманово“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За еден ден МВР изрече 200 сообраќајни казни во Скопје

Редакција

(Фото) Скопски Ѓорче Петров доби корзо

Редакција

Украдено возило на „Паркови и зеленило“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница