еМагазин
Image default
Македонија

Македонија и Бугарија размениле понуди и документи, откри Ахмети

Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Клик плус“ на телевизијата 21 рече дека се разменети понуди и документи со Бугарија за кои смета дека не е време да ги сподели со јавноста, како и дека треба да се почека реакцијата од Софија.

„Мислам дека не е време да споделувам со јавноста за понудите или последните документи кои се разменети. Ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија“, изјави Ахмети, истакнувајќи надеж дека до крајот на годинава ќе има добри вести од Софија.

Ахмети нагласи дека ова е важен момент за да се демонстрира заедништво.

„Многу важен момент е за да демонстрира пред сите граѓани, особено пред нашите сожители Македонци, дека ги делиме доброто и лошото и дека ќе стоиме рамо до рамо заедно и во решавање на овој спор“, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Не сме многу далеку од договор со Бугарија

Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„И јас сум Моника, апсете ме!„: Протест за затворената активистка за легализација на марихуаната

Редакција

Филипче со благодарност до граѓаните за почитување на мерките и нивното трпение

Редакција

Обвинителство бара притвор за Јакимовски кој им се закануваше на новинарките Јордановска и Коровешовска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница