еМагазин
Image default
Македонија

Приведен криминалец баран од германската полиција и Интерпол, пронајдени и две малолетнички

Денеска (24.11.2020) во 13.15 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница ги приведоа С.Х.(44) од Боизенбург, Германија кој се барал за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за сторени кривични дела измами и пирамидални шеми со измами, како и истрага за кривичните дела недозволена трговија со дрога и фалсификување, информираат од МВР.

„При приведувањето, кај С.Х. биле пронајдени четири пасоши на германски државјани и други предмети, а со С.Х. биле затекнати и две малолетнички (двете на возраст од 10 години) по кои германската полиција трагала како исчезнати лица.

Една од малолетничките е ќерка на приведениот, а која од нејзината мајка била пријавена за исчезната во Германија. По трите лица Интерпол трага од 22.02.2018 година,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери тврди дека целосно го испочитувал Уставот: Не сум направил преседан

Редакција

Градоначалникот Јанкоски: Состојбата со Ковид-19 во Вевчани се смирува

Редакција

Арсовска, прогласена за „Бугарка“, стана градоначалник на Скопје, Заев поднесe оставка: Бугарските медиуми за изборите во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница