еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) За именденот на синот Михаил семејството Здравески донирале вода и овошје во прилепската болница, одлична идеја за идните слави

Семејството Здравески од Прилеп, именденот на нивниот син Михаил го прославија на еден крајно хуман и благороден начин. На Св. Архангел Михаил, денот кога многу семејства слават слави и имендени, тие донирале овошје и вода за пациентите и персоналот на прилепската болница.

„ Мислев дека луѓе и фирми донираат обична вода, храна и овошје, но ете за жал не било така. Ова нека биде поттик да се поправиме сите како луѓе за да не се срамиме самите себе си пред состојбава и идните генерации. Јас и моето семејство не застануваме овде.

Веќе се поттикнати фирми и поединци и сепак ќе покажеме да бидеме едни обични луѓе со душа и срце. Државата е наша и мора ние да се грижиме за неа и за самите нас,“ напиша Крешимир Здравески на неговиот фејсбук-профил.

Поради спречување на ширење на Ковид-19 препорака е да не се слават претстојните слави и имендени, па оттука семејството Здравески дадоа одлична идеја, каде може да се донира храна.

Фото: Фејсбук/Здравески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невидена трагедија: По самоубиството на 25-годишното момче во Штип, животот си го одзеде и 22-годишна девојка, наводно биле во врска

Редакција

Објавен вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за инфраструктурни проекти

Редакција

Кардиоваскуларна болест и дијабет остануваат најчестите претходни заболувања кај пациентите со коронавирусот во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница