еМагазин
Image default
Македонија

Полицискиот час нема да промени ништо останува ризикот од групирања по дома, оценува Филипче

Полициски час по 21 часот нема ништо да промени, бидејќи тогаш е прилично празно. Не работат угостителските објекти и забрането е групирање на јавни простори, оцени денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Групирањето во домашни услови, како што рече, останува како одреден ризик, иако има препорака собирите во домашни услови да не се случуваат.

– Затоа огромен дел од ефикасноста на мерките отпаѓа на свеста кај граѓаните дека мерките мора да се почитуваат, нагласи Филипче на прес-конференцијата во Владата.

Повтори дека мерките даваат резултати и оти во моментот не се размислува за воведување на дополнителни мерки.

– Во близу две третини од градовите има сериозно намалување на инциденцата во последните неколку недели. Остануваат критични Куманово, Штип, Прилеп, Битола и Скопје, рече Филипче.

Во однос на барањето на прилепскиот градоначалник за воведување на порестриктивни мерки во градот, Филипче за утре најави средба со раководството на Прилеп. Според моменталната епидемиолошка состојба таму, епидемиолозите сметаат дека засега нема потреба од такво нешто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Епидемијата со Ковид-19 го достигна пикот пред една недела, бројот на активни случаи се стабилизира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.147

Редакција

Средбата Заев-Ахмети заврши без договор за нова Влада, разговорите продолжуваат

Редакција

За пет места, десет кандидати за обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница