еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нефи Усеини не е повеќе советникот на ДУИ во Охрид

Советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини поднел оставка на функцијата што ја вршеше од 2017 година.

Претседателот на Советот на Општината, Живка Ангелоска појасни дека согласно Деловникот оставката треба да ја разгледа Комисијата за верификација, избори и именувања, по што на следната седница закажана за в петок, Советот треба да ја констатира истата, по што треба да се спроведе постапка за верификација на мандатот на новиот член на Советот.

Против бизнисменот Усеини кој има своја градежна компанија во Охрид се води кривична постапка пред Основниот суд во Охрид за сторено дело „насилство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нефи Усеини во домашна изолација поради Ковид-19, одложено третото судското рочиште

МИА/Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку граѓани во Македонија од 2012 до 2021 починале поради загадување на воздухот

Редакција

(ФОТО) Како да се заштитите од земјотрес: Кои места во домот се безбедни?

Редакција

Мијалков: Никој од моето семејство и обезбедување не стои зад нападот на Златев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница