еМагазин
Image default
Македонија

Македонските историчари прават се за да нема напредок, вели Димитров, претседателот на бугарскиот дел од заедничката Комисија

Со загриженост ја очекувам новата средба на заедничката бугарско-македонска Комисија за историски прашања, но се надевам дека ќе направиме барем еден мал чекор напред, изјави бугарскиот копретседател на Комисијата, Ангел Димитров во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ), во пресрет на нејзиното ново заседание предвидено за утре и задутре.

– Отсекогаш сакавме да работиме поинтензивно со стегнат ритам, но тоа не се случи. За следната година се планирани само пет состаноци, што не е доволно, вели Димитров, кој е и поранешен бугарски амбасадор во земјава.

Според него, постојат разлики меѓу политичарите и историчарите.

– Политичарите од двете страни сакаат напредок, но историчарите од македонска страна на комисијата прават се што е можно да не се случи тоа, оценува Димитров.

Тој смета дека ваквиот пристап го одложува решавањето на разликите во блиска перспектива.

– Се е до политичката волја, но во преден план доаѓа не само улогата на политичарите, туку и на историчарите. Не е во ред историчарите во Македонија да чекаат нова ситуација за да направат критичка анализа. Историчарот е должен да ја каже вистината и да го подготви општеството за вистината, категоричен е Димитров.

Тој нагласува дека позицијата на Бугарија за прашањето на Република Северна Македонија е „единствена и монолитна“.

– Тоа е ставот, како на Владата, така и на Народното собрание и на сите партии застапени во него, а исто и на претседателот, заклучува Димитров во изјавата за БНТ.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонреден инспекциски надзор во објект во Струга за кој има сомнение за нелегална гинеколошка ординација

Редакција

Се работи на идентификација и побрзо пренесување на жртвите во Скопје, вели Османи

Редакција

Академик Ќулакова: Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница