еМагазин
Image default
Македонија

Села: Бугарија треба да го признае македонското малцинство

Зијадин Села, лидерот на Алијанса на Албанците во Студио 10 на ТВ24 порача дека Бугарија треба да го признае македонското малцинство.

„Ако се земе предвид што се бара од страна на Бугарија, мислам дека не треба тоа да е однесување на земја членка на ЕУ, но во ЕУ има многу членки кои спречуваат нивните соседи да се признаат, кои се теми од почетокот на 20. век.

Верувам во самоопределување на секој граѓанин на земјината топка, тука не треба да има дилеми.

Кога даваме вакви изјави, треба да дозволиме и другите да се чувствуваат онака како што се чувствуваат. Тоа би било добар почеток за добрососедство, тоа треба да се нашите позиции, кога добрососедството е еден од главните приоритети, мислам дека соседите треба да се признаат едни со други, треба соседите да си ги признаат малцинствата, тоа е право на секој граѓанин“, рече Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Замислете, во Бугарија “нема говор на омраза“

Села: Бугарија се уште има територијални претензии кон Македонија

Фото: Села/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Притвор за Јанева, компромитираното СЈО е завршена работа

Редакција

Москва: Донацијата на тенкови од Скопје за Киев е голема грешка

Редакција

Нови 70 случаи со Ковид-19, нема починати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница