Компаниите од Македонската берза во периодот јануари-септември годинава оствариле вкупна добивка од 158.420.626 евра, што е намалување од 9,42% во однос на истиот период минатата година кога вкупната добивка изнесувала 174.892.523 евра, покажуваат новите податоци на берзата.
Заклучно со септември, годинава добивкја оствариле 69 компании, загуба имале 28 компании, а 3 компании не објавиле податоци.
Во истиот период лани добивка имале 77 компании, загуба 21 компанија, а 2 компании не објавиле податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Топ пет акции на берзата со најголем пораст и пад на вредноста
Акциите на Комерцијална, НЛБ Банка и Алкалоид најтргувани на Македонската берза
Драстичен пад на прометот на Македонската берза во ноември