еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Полицијата во Арачиново пронајде дел од украдената марихуана од Јосифово, осомничени шест лица

Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обивнителство во текот на вчерашниот и денешниот ден презема низа мерки и активности со цел расчистување на кривичното дело „разбојништво“ извршено меѓу 3 и 4 декември во склад на фирма во Јосифово, валандовско при што се одземени близу два тона марихуана, изјави вечерва портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Посочи дека веднаш по добивањето на пријавата преземени се соодветни мерки и активности и по добиени оперативни сознанија извршени се претреси во Арачиново, Горно Мојанци, Скопје, како и други локации, при што е пронајдена дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените.

Досега, потенцира, имаме шест осомничени лица за кои имаме обезбедено докази, но истрагата се проширува и продолжува.

– Во координација со Јавното обвинителство од Гевгелија продолжуваме со преземање мерки и активности се до целосно расчитување на овој случај, истакна Ангеловски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека дел од осомничените се приведени, а имаат обезбедени докази за шест осомничени лица.

– Ова се сите информации кои можеме засега да ги споделиме, додаде Ангеловски.

МИА/Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фридрих Мерц е нов канцелар на Германија

Редакција

Македонија бара ново решение за спорот за Бугарија, ќе биде откриено по изборите кај источниот сосед

Редакција

Табли на државните институции со Северна Македонија откако Атина ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница