еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија близу до 2.000 починати од Ковид-19

Заклучно со последните податоци од Министерство за здравство од вчера вкупниот број на починати од Ковид-19 во Македонија е 1.977.

Податоците на Институтотот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 6. декември покажуваат дека од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.507) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 393,2/100.000 жители.

„Регистрирани се 1.245 смртни случаи кај лица од машки и 704 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 1.329 (68,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.018), дијабет (n=470) и белодробна болест (n=213).

Регистрирани се пет смртни случаи кај бремени жени и четиринаесет смртни случаи кај здравствени работници.

Сто и десет (5,6%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а 1.839 (94,4%) починале за време на хоспитализација“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ја забрани ли Владата пластиката за еднoкратна употреба по примерот на ЕУ?

Редакција

Благодариме „браќа“ Бугари што ни го јакнете идентитетот

Редакција

Сведоштво на девојка чиј татко се спаси од ковид-центарот во Тетово: „Пожарот изби многу бргу, моите, а и многу други избегаа низ прозорец“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница