еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 32 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми, од кои тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клниката за неврологија, пет болни се хоспитализирани на ОРЛ, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и двајца на очната клиника.

Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти.

На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 32 лица, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 15 пациенти, а на ОРЛ 26 болни.

На Клиниката за  гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 111 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациент, од кои 10 деца и 22 возрасни.

Вкупно 486 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, пишува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 439 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Коалиција „Сите за правично судење“: Направени отстапки од ранг листата на кандидатите при избор на судии за Апелационен суд

Редакција

Комисијата за заразни болести за празниците препорачува работно време на рестораните до 18 часот, забрана на собири и прослави во станови, плоштади и работни организации

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница