еМагазин
Image default
Македонија

Во Инфективното одделение во Дебар се намалува бројот на хоспитализирани од Ковид-19

Во Инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар се намалува бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19.

-Во моментов кај нас се хоспитализирани седум пациенти, сите со кислородна поддршка, што е речиси половична бројка споредено со претходната недела.

Амбулантски се лекуваат 12 лица што подразбира добивање потребна терапија, кусо време одмораат и заминуваат во своите домови. Во здравствени установи во Скопје имаме тројца пациенти, изјави за МИА, Баки Халили, директор на болницата.

Одделението располага со 20 легла, а се ангажирани осум лекари и исто толку медицински сестри и се обезбедува 24-часовна услуга за пациентите.

Во исто време, непрекинато до 22 часот работат и лабораторијата и рентген службата, кои се снабдени со сите потребни реагенси и медицински материјал.

Во изминатите два дена, според Министертвото за здравство, во ова подрачје, односно општните Дебар и Центар Жупа, нема нови случаи на заразени. Битката со опасниот вирус ја добиле девет лица, а како последица на вирусот синоќа во здравствена установа во Скопје почина жител на Дебар.

Од крајот на февруари, кога беа регистрирани првите два случаи, сопружници од село Баланци, општина Центар Жупа, по нивното враќање од Италија, на подрачјето на оваа и општина Дебар, според вчерашните официјални податоци, вирусот е дијагностициран кај 504 лица.

Со синоќа починатиот маж од Дебар, до сега битката со опасниот вирус ја изгубиле 24 лица.

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците од Бугарија со порака до Јотова: Денеска требаше да дојдете во Мелник, за да не видиш

Редакција

До сега попишани вкупно 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови

Редакција

Болните од Ковид-19 ќе се примаат во модуларната болница, на Инфективна нема место

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница