еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

68,2% од починатите од Ковид-19 биле со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 6. декември покажуваат дека 68,2% од починатите од Ковид-19 во Македонија биле со претходни заболувања.

„Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.507) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 393,2/100.000 жители.

Регистрирани се 1.245 смртни случаи кај лица од машки и 704 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 1.329 (68,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.018), дијабет (n=470) и белодробна болест (n=213)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

110 лица починале од Ковид-19 надвор од болница

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската телевизија Фокс Њуз ќе плати 787,5 милиони долари за да избегне тужба за клевета за изборите во 2020 година

Редакција

Лидл ќе има маркет и во Велес

Редакција

По 12 години ќе се рестартира ТЕЦ „Неготино“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница