еМагазин
Image default
Македонија

Центарот за јавно здравје од Велес со нов в.д. директор, Весна Николовска Неделкова

Субспецијалистот по кардиологија д-р Весна Николовска Неделкова и досегашен портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, од денеска е нов в.д. директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес, кој е регионален за градовите од Повардарие.

Д-р Николовска Неделкова на крајот на минатата недела ја назначил министерот за здравство Венко Филипче, кога ја разрешил досегашната в.д, директорка Анастасија Иванова, специјалист по микробиологија и паразитологија.

Како што во неформални разговори информираат вработените во Центарот за јавно здравје, Иванова, е разрешена поради нарушување на меѓучовечките односи и угледот на институцијата, а за што во изминатите месеци пишуваа и повеќе медиуми.

Анастасија Иванова пред седум ипол месеци на 28 април годинава среде пандемија на Ковид, го наследи Тони Димитриев, кој беше разрешен откако Државниот здравствен и санитарен инспекторат при направените контроли открија некои неправилности во неговото работење.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на Управен суд, Сејдини: Нема поднесено тужби по решенијата на ДИК

Редакција

Опремата за прислушување и документацијата од УБК ќе се префрлат во ОТА

Редакција

Што ќе се случува со предметите на СЈО, ако се утврди евентуална вина на Катица Јанева во случајот со Боки 13

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница